Република Македонија од денеска до 27 октомври е домаќин на 64-от европски форум на лајонсите кои на собирот во Скопје ќе градат стратегии за развој на лајонизмот во Европа, нови идеи за помош и поддршка на ранливите категории, лицата со делумно или целосно оштетен вид, како и други лица на кои им е потребна помош.
Во Општина Аеродром се уште се во тек разговори за изградбата на објектот кај „Мајчин дом“ за да се најде решение, како што велат оттаму, во интерес на граѓаните. Обесштетувањето на инвеститорот, како што наведуваат е неразумно бидејќи ќе предизвика крах на општинскиот буџет, а за давањето заменска парцела Општината е доведена во незавидна позиција бидејќи со донесениот ДУП во Аеродром нема друга соодветна парцела.
Општина Кисела Вода обезбеди повеќе прочистувачи за воздух за двете јавни детски градинки кои се во нејзина надлежност, а за една од нив обезбедни се и реквизити што ќе помогнат во развојот на дечињата.
Градоначалникот на Дојран Анго Ангов имаше работна средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние на која е заклучено во наредниот период да се интензивира соработката меѓу општина Дојран и Амбасадата на Франција во интерес на граѓаните на општината.
Во општина Карпош нормално се спроведуваат сите детални урбанистички планови, освен трите што беа укинати од страна на Уставниот суд, оцени денеска градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.
Македонската филхармонија во периодот од 28 октомври до 2 ноември ќе биде на турнеја во шпанските градови Сарагоса и Хуеска. На 30 октомври филхармонијата ќе одржи концерт во салата „Моцарт“ во Аудиториумот во Сарагоса, додека на 1 ноември ќе настапи во Конгресната палата во Хуеска.
Од финансовата полиција појаснуваат дека во март 2012 година бил склучен грант договор помеѓу Делегацијата на Европската унија во Скопје и градоначалникот на Општина Демир Капија Т. Д. кој се однесувал на имплементација на проект – Центар за едукација и вмрежување во туризмот во вредност од 262.366 евра.
Во Скопје вчера се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, во пет сообраќајки биле полесно повредени пет лица, а во пет била причинета материјална штета.
Во Младинскиот културен центар вечерва свечено беше отворено 12. издание на театарскиот фестивал Скупи, на кое присуствува премиерот Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми. Пред публиката во следните седум дена ќе се претстават седум театарски ансамбли од регионот и Европа.
Македонското еколошко друштво соопштува дека пред неколку дена на патот Охрид-Кичево бил прегазен рис, а како последица од ударот потоа и угина. И покрај обидот на тимот од МЕД рисот да се спаси и да се пренесе во Скопје, таа поради повредите угина при транспортот.