На банкомат во скопски Аеродром по пријава од граѓанин полицијата открила нелегално поставени тастатура и скенинг детектор.
Како што информира денеска МВР, поднесено е писмено известување и против Е.Х. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „прикривање“.
Како што информира МВР, несреќата се случила ноќеска во 00.05 часот на крстосницата од улиците „Христо Татарчев“, „Сава Ковачевиќ-1“ и „Сава Ковачевиќ-11“ во Скопје.
Поради одржување на автомобилски кружни трки, денеска и утре во периодот од 08.30 до 16.00 часот, целосно ќе биде пренасочен сообраќајот по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, соопшти МВР.
Еколошкото здружение на граѓани ФРОНТ 21/42 бара да се стопираат постапките за сите хидроенергетски проекти, особено за четирите мали хидроелектрани за кои е издадена целосната документација за нивна изградба во Националниот парк Маврово.
Министерството за транспорт и врски распиша осум јавни повици за изградба на комунална инфраструктура, со што ја почна реализација на проект за подобрување на водоводната и канализациската мрежа.
Група од неколку лица на возраст од 16 до 20 години синоќа каменувале градски автобус бр.55 на надвозникот кај „Агросервис“, на патот кон Арачиново.
Тројцата повредени во тепачката по укажаната лекарска помош на Ургентниот центар се пуштени на домашно лекување.
Во текот на изминатата недела, од 14 до 20 октомври, регистрирани се три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на заболени е 17 лица, информираат од Институтот за јавно здравје.
Од Центарот за јавно здравје – Скопје информираат дека за три дена 2.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип. Посочуваат дека е голем интересот за вакцини против сезонски грип.