Безбеден, проверен третман на антителата може да отвори нови можности за пациентите што живеат со ХИВ вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во американската сојузна држава Мериленд, Ентони Фауци.
Пејачката Кејти Пери и холивудската ѕвезда Орландо Блум првпат се појавија заедно во јавност, откако повторно се во врска, што секако, не го ни криеја веќе некое време.
Фестивалскиот ден на „Браќа Манаки“ денеска почна со претставување на кинематограферот на филмот „Фокстрот“, Ѓора Бејач. Филмот е прикажан во конкуренција за наградата „Златна камера 300“.
Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул, се ставени на продажба, а цената на некои достигнува и 95 милиони долари. Меѓу нив има и 40 историски објекти, пишува „Хуриет дејли њуз".
Корисници кои ги купиле новите Ајфон Икс-ес и Ајфон Икс-ем Макс модели во првите денови од нивното лансирање се жалат на чудно однесување на уредите со Вај-Фај мрежите. Според различни сопственици на новите телефони, тие страдаат од послаб сигнал и побавна брзина од минатогодишните Ајфон телефони.
Квалком (Qualcomm) излезе со многу тешки обвиненија против Епл. Според правниците на Квалком, компанијата од Купертино користела пристап до доверливи информации за начините за оптимизирање на перформансите на чиповите и ја споделиле со нивни конкуренти, како Интел.
Американскиот пазар продолжува да биде важна цел за вториот по големина производител на смартфони во светот - кинескиот гигант Хуавеи. Компанијата се очекува да додаде уште 200 луѓе во својот американски тим.
Eдна од најпознарите британски поп-рок групи, „Тексас“ в петок (28 септември) ќе одржи концерт на СРЦ „Кале“.
Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвува преработката на еден од најпопуларните вестерн филмови во историјата - „Дивата орда“ од 1969 година. Имено, тој ќе биде ко-сценарист, продуцент и режисер во проектот, но се уште не се знае дали ќе има и своја улога во него.
Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар во 49-та година од животот. Неговото тело е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.