Најмалку шест луѓе загинаа во пожарот во станбена зграда во Лондон, соопшти полицијата.
Истанбулски суд на 25 години затвор го осуди пратеникот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Енис Бербероглу, во врска со случајот што се однесуваше на запрените камиони на разузнавачката служба МИТ од 2014 година.
Европскиот парламент со 503 гласови за, 113 против и 45 воздржани ја усвои резолуцијата на словенечкиот европратеник Иво Вајгл, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во овој момент повеќе од 600 жители останаа без покрив на главата, а пожарот го предизвикал неисправен фрижидер.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја осуди денеска изолацијата на Катар како „нехумана и против исламските вредности“.
Американските сенатори постигнаа договор за законодавството, со кое се воведуваат нови санкции кон Русија, во кое е вклучена е одредбата, со која Белата куќа се спречува да ги ублажи, суспендира или укине санкциите без одобрение на Конгресот.
Поранешната фудбалска ѕвезда на „Барселона“, а подоцна и тренер на овој клуб, Пеп Гвардиола изјави дека ја подржува независноста на Каталонија и се согласува со отцепувањето на овој регион од Шпанија.
Преговарачкиот тим на ЕУ е подготвен за разговорите за излез на Велика Британија и се надева дека ќе се реализира договорената временска рамка за преговорите.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис ја поддржа денеска премиерката Тереза Меј и потврди дека на 19 јуни ќе седне на преговарачка маса за излезот на Велика Британија од ЕУ.
Проекциите објавени по затворањето на гласачките места покажуваат дека партијата на Макрон „Република во движење“ освоила над 400 места во парламентот со 577 пратеници.