Паралелно со ова, според Советот, ЕУ треба да ги постави потребните внатрешни основи и реформи, со што стане посилна и ќе го зајакне европскиот суверенитет.
Долниот дом на рускиот парламент денеска одобри нацрт-закон со кој се зајакнува владината контрола врз приходите на организациите и приходите на луѓето што Москва ги прогласи за „странски агенти“.
Портпаролот на британскиот премиер изјави дека Кирилов „пропагирал нелегална инвазија и наметнал страдање и смрт на украинскиот народ“.
Вотсон (74), кој е двоен државјанин на САД и Канада и основач на две групи за заштита на природата, беше уапсен во јули на Гренланд кога неговиот брод се закотви на данската автономна територија.
„Што се однесува до дострелот, нема место каде што нашите ракети не можат да стигнат“, изјави Каракаев за весникот Краснаја звезда. Тој додаде дека Русија би можела да го зголеми интензитетот на тестирање напредни ракети доколку надворешните закани продолжат да растат.
Иља Поликарпов, помошникот на генерал-полковник Игор Кирилов, е вториот загинат во денешниот атентат врз рускиот генерал.
Францускиот претседател Емануел Макрон побара од новиот премиер Франсоа Бајру до крајот на денот да излезе со список на министри за новата влада во услови на зголемени меѓусебни тензии меѓу двајцата функционери.
Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на неговата посета на Ирак пред три години, што беше прва посета на папа на земјата.
Терминот „санитарен кордон“ се користи изолацијата или неприфаќањето соработка со одредени партии, поединци или структури. Тој вообичаено се користи за објаснување на изолирањето на екстремистичките партии од страна на центристичките политички сили.
САД воведоа нови санкции против Северна Кореја и Русија, насочени кон финансиските активности на Пјонгјанг и воената поддршка што Северна Кореја ја дава на Москва.