Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави денеска дека западните земји ќе продолжат да плаќаат за рускиот гас во евра или долари и покрај заканата на Кремљ дека ќе го прекине снабдувањето доколку не се плаќа во рубљи.
Пентагон соопшти дека првите неколку пратки оружје и друга безбедносна помош пристигнале во Украина како дел од пакетот помош од 800 милиони американски долари одобрен од претседателот Џозеф Бајден на 16 март.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Скај Њуз ја коментираше војната во Украина при што рече дека рускиот претседател Владимир Путин „повеќе не е онаква сила каква што бил“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека е решен да разговара со украинскиот и рускиот лидер и да ги седне на иста маса за да се стави крај на крвопролевањето, јави агенцијата Анадолија.
Указот потпишан од Путин предвидува купувачот на гас да има две сметки во руска банка, на една да уплати евра или долари и да ја овласти банката таа валута да ја претвори во рубљи кои се префрлаат на друг начин. Гасот официјално се купува од таа друга сметка, во рубљи.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е „изолиран“ и можно е дека ставил некои од неговите советници во „домашен притвор“.
Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша денеска одлука со која се бара од странските купувачи да плаќаат во рубљи за рускиот гас од 1 април или се заканува дека ќе ги прекине нивните договори. Тој потег што европските држави го сметаат за „уцена“.
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е позитивен на денешниот тест за Ковид-19 еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти разузнавачката агенција.
Тој додаде дека помошта вклучува артилерија со голем дострел, муниција и поголемо количество противвоздушно оружје.
Европската комисија денеска ги потврди ненајавените инспекции во неколку компании за гас во Германија, како дел од истрагата за можни прекршувања на прописите за еднаква конкуренција на европските енергетски пазари.