Владејачката партија „Грузиски сон“ е победник на локалните избори во земјата, што се одржаа во сенка на политичката криза, покажуваат официјалните податоци.
Осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска во авионска несреќа, кога околу 13 часот мал, лесен, авион од типот „Пилатус ПЦ12“ удри во деловна зграда во Милано, која во моментот на несреќата била празна заради реновирање, јави „Дејли Мејл“
Компанијата Тесла во третото тримесечје продала 241.300 електро автомобили и покрај недостатокот на чипови со кој се судира целата автомобилска индустрија
Портпаролот на францускиот Генералштаб денеска соопшти дека Алжир им забранил на француските воени авиони да летаат над нејзината територија
Како што јави Радио Франсе, 19-годишно момче завчера е приведено и обвинето за планирање насилничка акција во своето поранешно средно училиште и во џамија во Поморска Сена
Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахијан, побара од американскиот претседател Џо Бајден да им ослободи блокирани 10 милијарди долари за да ја покаже својата добра намера во преговорите за нуклеарниот договор и санкциите, пренесе Анадолија
Северна Кореја денеска го предупреди Советот за безбедност на ОН да не ја критикува нејзината ракетна програма, со закани од последици заради навлегување во нејзиниот суверенитет
Украинскиот претседател Влодимир Зеленски на партиски митинг изјави дека сака да остане на претседателската функција се додека не ги исполни сите свои изборни ветувања
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата нема да се врати кон „неконтролираната имиграција“ за решавање на кризата со недостигот на гориво и гас, кажувајќи дека гласачите му дале доверба да го прекине моделот на ниски плати за работни места со ниски квалификации
Развојот на конструктивна соработка помеѓу Русија и Германија и нивната заедничка работа кога станува збор за меѓународни прашања би биле корисни за жителите на двете земји, напиша денеска во телеграма рускиот претседател Владимир Путин до германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер по повод Денот на германското единство