Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја критикуваше Баварија за најавата дека ќе биде првата германска покраина која ќе ги тестира сите жители
Десет лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на пазар за животни во провинцијата Гилменд во јужниот дел на Авганистан, јави РИА Новости
Турската крајбрежна стража денеска спаси 35 мигранти, откако нивниот брод почна да тоне во Егејското Море, а во тек е операција за пребарување по четири исчезнати лица, јави ДПА
Филипинската крајбрежна стража ја продолжи потрагата по 14 луѓе кои се водат како исчезнати, откако вчера се судрија товарен и рибарски брод во близина на градот Мамбурао
Велика Британија планира рекордна продажба на државни должнички хартии во вредност од 275 милијарди фунти за периодот април-август за да го финансира својот одговор на пандемијата на коронавирус, што е повеќе од двојно поголемо задолжување од цела претходна фискална година
Кинескиот источен брег во текот на неделата го очекуваат обилни дождови, откако во петокот во југозападниот дел на Кина поплавени се голем број села и туистички локации
Индија веќе осум дена по ред бележи рекорден пораст на бројот на заразени со коронавирус, откако во последните 24 часа се потврдени уште 19.459 заболени лица, соопшти индиското Министерство за здравство
Најмалку 29 патници загинаа откако се преврти и потона ферибот во реката Буриганга во близина на главниот град на Бангладеш, Дака
„Ербас“ предвидува пад на производството од 40 проценти во наредните две години, како резултат на кризата со коронавирус, изјави денеска извршниот директор на компанијата Гијом Фори
Најмалку десет лица загинаа, меѓу кои и четворица терористи, во напад на берзата во Пакистан во пристанишниот град Карачи, изјавија официјални претставници