Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо изјави дека централниот дел на таа земја сега е подготвен за олеснување на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на новиот коронавирус
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД сами ќе произведат големи количества од респиратори, заштитни маски и друга медицинска опрема во случај на идни закани по здравјето
Луфтханза планира во јуни да ги обнови летовите во повеќе од 130 дестинации, обидувајќи се да реактивирате дел од авионите, приземјени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти германската авиокомпанија
Катарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од недела во земјата е задолжително носењето маски на отворено, а оние кои нема да ја почитуваат оваа обврска ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали ( 49.000 евра), пренесува „Гардијан“
Литванија, Летонија и Естонија денеска на полноќ ги отворија своите меѓусебни граници, создавајќи го првиот „патнички меур“ во рамки на Европската унија во обид да ги активираат економиите, погодени од пандемијата на новиот коронавирус.
Наставниците во Велика Британија можат законски да одбијат да се вратат на часови кога училиштата повторно ќе се отворат, освен доколку не ја добијат истата заштита од коронавирус како и сите другите вработени од првите борбени редови со коронавирусот, предупреди еден од водечките синдикати во земјата, пишува „Гардијан“
Новиот коронавирус влезе во најголемиот бегалски камп во светот, Кокс базар во Бангладеш, откако заболе еден Рохинџи бегалец од Мјанмар
Кина ја отфрли стратегијата на САД за продолжување на ембаргото на оружје за Иран, како и најавата на Вашингтон дека доколку не успее, тоа ќе се прави преку Советот за безбедност на ОН
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан
Повеќе од 3,5 милиони граѓани на ЕУ се пријавиле да останат во Велика Британија под услови претставени по референдумот, соопшти британската Влада.