Судијката Салиен Скарпула исто така го потпиша договорот за затворање на фондацијата Трамп и распределба на преостанатите средства од околу 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.
Двајцата функционери ги дадоа коментарите во одбрана на НАТО, откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека недостигот на лидерство во САД е причина за „мозочната смрт“ на НАТО.
Најмалку шест антивладини демонстранти беа убиени, а 38 се повредени кога ирачките безбедносни сили денеска отворија оган врз нив во Багдад, соопшти полицијата и медицински извори.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека ставот на Европската Унија (ЕУ) кон Турција, во последниот период, е далеку од конструктивен, јави агенцијата Анадолија.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска објави соопштение по повод Националниот ден за спомен на жртвите на комунизмот што во САД се одбележува од пред две години.
Палатата на Европа од вчера е домаќин на официјалниот дел од Светскиот форум на демократијата, на кој главата тема е слободата на информирањето и борбата против лажните вести, на тема „Информации: демократија во опасност?“
Британската централна банка (БоЕ) предупреди дека владиниот договор за излегување на Велика Британија од Европската унија ќе го запре економскиот раст во следните три години поради поголемите трошоци, кои ќе бидат предизвикани од трговските бариери.
Германската канцеларка Ангела Меркел го отфрли мислењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“ и посочи дека такви коментари не се потребни.
Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија инвестира 400 милиони долари во „КлаудКитченс“, новиот стартап на основачот и поранешен директор на „Убер“, Травис Калиник, дознава „Волстрит журнал“.
Претставниците на партиите се договорија дека ќе истакнат само по еден заеднички кандидат во 60 изборни окрузи – либералните демократи 43, Зелените – 10 и Плејд Кумру – седум, а за три окрузи допрво претстои да се договорат.