Воведување на институцијата европски комесар за слобода, независност и разноликост на информациите е еден од предлозите на меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) со цел зголемување на слободата на медиумите.
Парламентарното собрание на Советот на Европа повика да се донесат серија мерки за спречување на сексизмот и сексуално вознемирување во политиката, вклучително и во парламентите.
Во пожари на територијата на Русија во текот на минатата година животите ги загубиле речиси 7.300 лица, соопшти денеска рускиот Истражувачки комитет врз основа на анализата на смртни случаи при огнени стихии.
Сингапурските власти денеска соопштија дека заплениле 12,7 тони оклопи од цицачите панголин, сокриени во 12-метарски бродски контејнер на кој стоело дека содржи семки од кајсија.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро по денешната средба во Каракас со шефот на Црвениот крст Петер Маурер, изјави дека неговата земја е подготвена да прифати меѓународна помош.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека „се уште е уверен“ оти Долниот дом на британскиот Парламент ќе го прифати Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека од почетокот знаел дека истрагата на Роберт Малер ќе го ослободи Доналд Трамп од обвиненијата за дослух со Москва.
Апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот на Анкара со Москва за набавка на руски противвоздушни системи С-400, оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Јапонските власти им дозволија враќање во нивните домови на жителите на дел од градот Окума, што се наоѓа во близина на нуклеарната централа „Фукушима“, која имаше хаварија по ударот на цунами во 2011 година, при што од неа беше ослободено големо количество јонизирачка радијација.
Главниот град на Венецуела, Каракас и поголем дел од земјата синоќа повторно беа во мрак поради нов дефект на мрежата за електрична енергија.