Кина и ЕУ денеска се согласија на самитот во Брисел за зајакнување на трговските врски и ветија дека ќе работат на значително подобар пристап на пазарот, елиминација на дискриминаторските барања и практики, кои ги засегаат странските инвеститори
Алжирскиот Парламент назначи привремен лидер кој ќе го замени поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика, кој минатата недела поднесе оставка под притисок на продемократското движење кое доби поддршка од армијата
Светскиот ден на „Интернет на нештата“ (Internet of Things – ИоТ), се одбележува денеска, а според проценките говорат дека до крајот на оваа година во светот ќе има 26 милијарди уреди поврзани на интернет
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека истрагата на американскиот специјален советник Роберт Малер ги потврди негирањата на Москва дека била вмешана во изборната кампања на претседателот на САД Доналд Трамп
Америкaнскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер попладнево во Тирана имаше одвоени средби со лидерите на двете најголеми опозициски партии,Демократската и Социјалистичкото движење за интеграција
Иако позицијата според која Советот на Европа останува „репер за човековите права, владеењето на правото и демократијата во Европа” не е доведена во прашање, треба и понатаму да се развиваат практични аранжмани на сите нивоа и континуирани напори за да се обезбеди синергија на дејствување и да се избегне фрагментација на разбирањето на основните вредности и нивната имплементација на европскиот континент
Хрватската Влада денеска категорично ги отфрли наводите за обид за влијание врз словенечките медиуми, а хрватската разузнавачка служба ги негираше обвинувањата за прислушување словенечки функционери
Претседателите на парламентите на земјите-членки на ЕУ денеска се изјаснија за продолжување на процесот на пристапување за земјите од Западен Балкан како придонес за безбедноста и стабилноста
Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) повторно ја ревидираше прогнозата за светскиот раст за 2019 година и ја намали на 3,3 отсто, се наведува во денешниот извештај за светските економски перспективи
Нема воени тензии на Арктикот, иако НАТО спроведува големи воени вежби во регионот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, во одговор на прашањето на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург