Американски компании што работат во Кина велат дека се оштетени од трговската војна меѓу САД и Кина и се соочуваат со се поголема нелојална конкуренција од кинеските фирми
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Пентагон основал американска вселенска команда како дел од поширокиот напор за зачувување на доминацијата на САД во орбитата на Земјата
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека негови претставници наскоро би можеле да се вратата на преговорите со опозицијата, кои беа прекинати на почетокот од месецов.
После дрвената статуа на Меланија Трамп во нејзиното родно место, своја дрвена статуа во Словенија доби и нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп. Објектот ненадејно никна на приватно земјиште во селото Села, општина Камник, објави синоќа „Вашингтон Пост“.
Пратениците на Врховната рада попладнево го избраа Алексеј Гончарук за нов премиер на Украина. За неговиот избор гласаа 290 пратеници од неопходните 226 гласа, јавија локалните медиуми.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини во кое му заблагодарува на напорите да го спречи приливот на илегални мигранти во Европа.
Европската Комисија денеска за пет години ги продолжи рестриктивните мерки за увоз на кинески велосипеди.
Лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини, кој го предизвика падот на првата италијанска популистичка Влада и се најде исклучен од идната власт, денеска ги повика свои приврзаници на 19 октомври во Рим да излезат на големи демонстрации.
Владата на британскиот премиер Борис Џонсон денеска им порача на пратениците кои сакаат да спречат Брегзит без договор да донесат закон или да ја соборат владата, а конзервативниот претседател на Долниот дом на Парламентот тврди дека сега ЕУ треба го спречи хаотичниот излез.
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, не ги коментира политичките промени во нејзината земја, Италија.