Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека нема да има напредок во разговорите за Брегзит со европските лидери во Њујорк, затоа што јазот меѓу двете страни останува, но рече дека е постигнат значителен напредок во постигнување договор
По Јужна Кореја, и Швајцарија е една од првите земји во светот што ја воведува 5-Г технологијата, мобилна инфраструктура и систем што периодов се во средиштето на технолошкиот судир меѓу Соединетите Американски Држави и Кина
Деветмина каталонски сепаратисти рано утрово се уапсени во шпанската североисточна област Каталонија поради планирани насилни акции, соопшти шпанската полиција
Претседателот на Израел Рувен Ривлин денеска ќе ги заврши консултациите со претставниците на сите девет партија избрани во Кнесетот, и потоа ќе донесе одлука кому да му ја довери задачата да формира нова Влада после изборите на 17 септември
Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките вропски производители на автомобили
Германската компaнија Кондор соопшти дека продолжува со летови и покрај тоа што Томас Кук групацијата, каде и тие се дел, потврди дека банкротирала
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија заклучила дека Иран е одговорен за нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија и дека Лондон ќе размисли за учеството во американскиот проект за зајакнување на одбранбените капацитети на ултраконзервативното заливско кралство
Најсиромашните луѓе во светот погодени од бури, поплави и суши добиваат помалку од еден цент на ден меѓународна помош за заштита од катастрофи и зголемување на нивото на морето како резултат на затоплувањето на планетата, објави денеска Оксфам, меѓународна непрофитна организација
Идниот претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел, денеска во Њујорк ќе оствари средба со британскиот премиер, Борис Џонсон
Анкети на јавното мислење на Филипините покажаа дека граѓаните таму се повеќе од задоволни со крвавата војна против дрогата што ја започна претседателот Родриго Дутерте, што дава дополнителен стимул на Владата критикувана од меѓународната заедниц