Ковчегот со посмртните останки на поранешниот претседател на САД Џорџ Херберт Вокер Буш пристигна во Вашингтон.
Сигурен сум дека во еден момент во иднина кинескиот претседател Си Џинпинг и јас, заедно со шефот на руската држава Владимир Путин, ќе почнеме со преговори за прекин на она што стана голема и неконтролирана трка во вооружување, порача американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.
Украинската полиција спроведе претреси во домовите на неколку свештеници на Руската православна црква во повеќе украински градови.
Подкомитетот за безбедност и одбрана на Европскиот Парламент денеска организираше сослушување за улогата и влијанието на Русија во југоисточна Европа, на кое експерти од регионот ги информираа европратениците за руската закана и која треба да биде улогата на Европската Унија во овој процес.
Американската телевизија Си Ен Ен денеска објави пораки, кои преку социјалната мрежа „Вацап“ убиениот саудиски новинар џамал Кашоги ги разменувал со активистот од Монтреал, Омар Абдулазиз, а во кои, како што се наведува, за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман истакнал дека е „ѕвер“ кој ќе „изеде се што му е на патот, дури и оние кои го поддржуваат“.
Приврзаниците на идејата за втор референдум за Брегзит, меѓу кои има пратеници од сите британски политички партии, денеска поднесоа петиција со над еден милион потписи на Даунинг стрит 10 – резиденцијата на британскиот премиер.
Чешкото контраразузнавање (Службата за безбедност и информации, БИС) соопшти дека „очигледно” Русија стои зад минатогодишните кибер напади против Министерството за надворешни работи, кои ги оквалификува како најсериозен случај на кибершпионаж против земјата.
Утрешната посета на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во францускиот парламент е откажана поради кризата со „Жолтите елеци“.
Необичните сеизмички бранови забележани на 11 ноември, кои не беа почувствувани, ги збунија научниците.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се подготвуваат да ја осудат Русија за кршење на Договорот за неширење на ракетите со мал и среден дострел, склучен помеѓу Москва и Вашингтон во 1987 година.