Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Анкара изјави дека очекува наскоро да биде најдено решение за санкциите на САД кон Турција.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси потпишаа договор за стратешка соработка, со цел зајакнување на трговските и другите врски меѓу двете земји.
Авионот на првата дама на САД, Меланија Трамп, беше принуден да се врати на аеродромот, откако е забележан чад од леталото.
Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Сирија, Стафан де Мистура денеска го извести Советот за безбедност на Светската организација дека по „четири години и четири месеци“ мандат, кон крајот на следниот месец ќе ја напушти функцијата „од лични причини“
Методот „тајно сместување“ е нов начин кој мигрантите во последно време го користат за бегство од Турција кон Бугарија и Европа.
Финскиот Парламент денеска и изгласа доверба на Владата на десниот центар на премиерот Јуха Сипила.
Стотици приврзаници се упатија до оддалечениот храм, но немаше жени од возрасната група од 10 до 50 меѓу оние што стигнаа до вратите. Женските верници и женските новинари беа запрени од групи лути демонстранти и членови на екстремистички хинду групи, кои ги принудија да се вратат во кампот од каде што аџиите патуваат околу два до три часа до храмот.
Според најновите податоци билансот на загинати во поплавите што изминатиов викенд ја погодија јужна Франција се искачи на 17, соопшти денеска портпаролот на француската Влада, Бенжамен Гриво.
Хакери, со софистициран малициозен софтвер ги заразиле компјутерите на три енергетски и транспортни компании во Украина и Полска, по што можат да планираат деструктивни кибер напади, соопшти фирмата за кибер безбедност ЕСЕТ (ESET).
Куќите и деловните простории на Флорида, кои пред една недела беа зафатени од ураганот Мајкл и останаа без електрична енергија, сега се мета на вооружени крадци.