Студент од Бристол стана еден од најбогатите Британци откако ја продаде својата компанија на светски познатиот дански конгломерат Ново Нордиск за 620 милиони фунти, објави „Дејли Меил“.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска беше исвиркан при обраќањето на 50-годишнината од задушувањето на Прашката пролет. Демонстранти извикуваа „срамота“ и го исвиркаа Бабиш кога тој стана да зборува, обвинувајќи го милијардерот - политичар за неговото некогашно членство во Комунистичката партија на Чехословачка.
Чешка Република и Словачка денеска ја одбележаа 50-годишнината од инвазијата на трупите на Варшавскиот пакт под советско водство со цел задушување на т.н. Прашка пролет.
Европскиот комесар задолжен за климатски прашања, Мигел Кањете, изјави дека планира да предложи поамбициозни климатски цели за земјите членки на ЕУ.
Кога тенкови на поранешниот Советски сојуз влегоа во Чехословачка пред 50 години, прекинувајќи го периодот на либерализација познат како Прашка пролет, младиот фотограф Либор Хајски сними сцени на насилство и страв, но и моменти на сожалување и црн хумор.
Долготрајната суша во Германија, поради недостигот на врнежи, ги загрижи земјоделците низ целата земја, така што многумина се жалат и пријавуваат штета во милијарди евра до федералната влада.
Муслиманите денеска го прославуваат Крбан бајрам додека околу два милиона верници спроведуваат завршни обреди на аџилакот во Саудиска Арабија.
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја мора да ја развие својата армија за да ги спречи другите земји да ја заземат нејзината територија и ресурси.
Новите банкноти на венецуелската валута боливар од вчера се во оптек, а шефот на државата Николас Мадуро проценува дека новата мерка е „100 отсто успешна".
Тоа што германската канцеларка, првпат од руската анексија на Крим во 2014 година, го повика на билатерална средба во Германија, рускиот претседател Владимир Путин би можел да му се заблагодари во голема мерка на американски претседател Доналд Трамп и неговиот курс во надворешната политика.