Австралискиот премиер Малком Турнбул денеска побара од папата Франциско да го смени надбискупот Аделаиде Филип Вилсон, највисокиот римокатолички свештеник, кој е осуден за прикривање на сексуално злоставување на деца.
Според портпаролката на руското МНР, играјќи со „антируска карта“ Заев ги заплашува сопствените граѓани, во време кога Русија се залага единствено за взаемно прифатливо решение на спорот за името на Македонија со Грција, но без наметнати рокови.
Компанијата „Блу оринџ“ на Џеф Безос изврши пробен лет на ракета која носеше вселенска капсула, наменета за превоз на туристи. Ракетата „Нов пастир“ денеска полета од западен Тексас, а откако капсулата се одвои од ракетата, достигна висина од 119 километри.
Дваесетина американски војници биле повредени во воена база во Калифорнија ноќеска, кога ударот на ветрот од Блекхок хеликоптер ги оддувал нивните шатори.
Врховниот суд на САД денеска реши да не дозволи во ноември да се гласа за предлогот за поделба на државата Калифорнија на три дела.
Претседателот на САД, Доналд Трамп побара од турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган да го ослободи американскиот свештеник Ендру Брансон, кој е во притвор во Турција и му се суди за тероризам.
Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј изјави дека Русија продолжува да поттикнува раздор во САД, преку ширење лажни вести, пропаганда и тајни операции.
Генералниот секретар на Европската комисија, Мартин Селмаер, на амбасадорска средба изјави дека ЕК нема големи очекувања од претстојната средба на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и американскиот претседател Доналд Трамп.
Сите ја сакаат Црна Гора без оглед на тешкотиите на Балканот во изминатите години, изјави гувернерот на американската сојузна држава Мејн, Пол Лепејџ.
Британските истражители веруваат дека откриле осомничени лица, одговорни за нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.