Португалскиот Парламент денеска легализира лекови врз основа на канабис, откако претходно ги отфрли предлозите да им овозможи на пациентите дома да одгледуваат марихуана за медицински цели.
Дел од медиумите во САД пишуваат за датумот и местото на потпишување на договорот помеѓу Македонија и Грција, додека некои телевизии ги набројуваат случаите во историјата со преименување на земји.
Американски федерален суд денеска ги укина условите за кауција во случајот на Пол Манафорт и на поранешниот шеф на предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп му одреди притвор.
Тој на заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека постоечките прописи на ЕУ за барања за азил не функционираат.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е можно да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин ова лето.
Партијата на европските социјалисти ги повика сите прогресивни партии и сите нејзини партии членки да го поддржат историскиот договор меѓу Македонија и Грција за деценискиот спор околу името и за владите во Атина и Скопје кои го постигнаа.
Договорот меѓу Скопје и Атина за новото име на Македонија е фер и избалансиран, и претставува многу важен чекор, изјави експертот за Југоисточна Европа од Лондонската школа за економија и политички науки, Џејмс Кер-Линдзи.
Израелски единици за деминирање уништија експлозивна направа во близина на Газа, која закачена за балон летала над автопат, соопшти израелската полиција.
Лидерот на пакистанските талибанци Мула Фазлула е убиен во напад на американско беспилотно летало во провинцијата Кунар, соопшти денеска авганистанското Министерство за одбрана.
Москва повика за итно укинување на сите унилатерални санкции против Северна Кореја, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.