Италијанската поморска полиција запленила 2,5 тони маирухана натоварена на моторен чамец што, наверојатно испловил од албанскиот брег, кај приморскиот град Валона.
По самоубиствата на познатата креаторка Кејт Спејд и ТВ готвачот Ентони Бордејн, повиците на линиите за превенција на самоубиства во САД значително зачестија.
Водителката на емисијата „Фокс и пријатели" Еби Хантсмен направи лапсус најавувајќи го состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, како „средба на двајца диктатори".
Германија го поддржува соопштението на Г-7 и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече поддршката за Декларацијата донесена на Самитот во Канада, вели портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
Израелската војска денеска соопшти дека го уништила тунелот на Хамас што од Газа води до Средоземното Море.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини денеска изјави дека Јордан ќе продолжи да добива финансиска помош од Унијата.
Папата Франциско денеска рече дека ќе се моли средбата на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун успешно да ги постави темелите за мир.
Кинескиот претседател Си Џинпинг на Самитот на Шангајската организација за соработка во Чингдао, ја фалеше слободната трговија, а ја критикуваше „себичната политика“.
Кралицата Елизабета Втора вчера го прослави нејзиниот 92 роденден, а во Лондон, во нејзината чест пееја најголемите ѕвезди на денешницата.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Чингдао, каде се одржува самитот на Шангајската организација за соработка, истакна дека заедничката куповна моќ на Организацијата, на чело со Русија и Кина, ја надминува групата Г-7.