Израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан го нарече претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган „антисемитист“.
Новиот министер за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер се залага за контроверзен план, според кој, барателите на азил ќе бидат задржани во специјални центри се додека не се одлучи по нивното барање.
Кина објави противмерки на увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто за 128 приоизводи како одговор на американските царини за челик и за алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии.
Двете водечки германски партии купувале податоци за гласачите од компанијата „Дојче пост“, поранешната државна поштенска компанија.
Светлото на Велигден нека ја просветли совеста на сите политички и воени лидери, за да се стави крај на крвопролевањето и убивањето на луѓе, да се достави помош на загрозените, а бегалците да се вратат во своите домови.
- Секој ден од 10.000 до 15.000 телефони се пренесувале преку граница. Со оглед на тоа дека работеле 15 денови месечно, нивниот месечен приход бил над 1,3 милиони евра, наведе заменик-шефот на Бирото против криумчарење, Чен Лијанг.
Руското Министерство за надворешни работи упати до Велика Британија 14, а до Франција 10 прашања во врска со труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, за кои Москва бара одоговор.
Руските власти денеска го уапсија милијардерот Зијавудин Магомедов по обвинение за проневера на над 35 милиони долари за време на изградбата на стадионот во Калининград.
Над 30 заложници се ослободени за време на голема операција во Сирија, соопшти началникот на рускиот Центар за помирување во Сирија, генерал-мајорот Јуриј Јевтушенко.
Како што јави МИА, претходно руските власти соопштија дека ќе протераат 23 британски дипломати, сразмерно со бројот на руските дипломати кои мораа да го напуштат Лондон.