Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш смета дека какви било разговори за распределба на надлежностите остануваат внатрешно прашање на Шпанија, изјави неговиот портпарол Фархан Хак.
Канада го отфрла едностраното објавување на независност на Каталонија и апелира за дијалог со Мадрид.
Жан-Ги Таламони, претседател на регионалниот Парламент на француската независна административно-територијална единица Корзика, ги поздрави владата и парламентот на Каталонија за прогласувањењто на независност.
Таа изјави дека Каталонија е внатрешно прашање на Шпанија и оти Москва го почитува суверенитетот и територијалната целост на земјата.
Премиерот на Шпанија Маријано Рахој објави вечерва дека ја разрешува регионалната влада во Каталонија предводена од премиерот Карлес Пуџдемон и обврските ќе му бидат преземени од Владата во Мадрид.
Владата, предводена од страна на Шкотската национална партија, која се залага за независност на Шкотска, изјави дека „наметнувањето на директна контрола на Мадрид не може да биде решение”
Никој во ЕУ нема да ја признае независноста на шпанската автономна област, која денеска е прогласена од каталонскиот парламент, изјави претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази целосна поддршка за шпанскиот премиер Маријано Рахој откако парламентот во Каталонија прогласи независност.
Европската унија нема потреба од нови поделби, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Германија ја поддржува шпанската Влада и нема да ја признае независноста што денеска ја прогласи каталонскиот парламент, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.