Рускиот и Американскиот Претседател во Хамбург на Самитот Г-20 разговарале за ситуацијата во Украина и во Сирија, како и за борбата против тероризмот и сајбер безбедноста.
Лидерите на државите од Г-20 се согласија дека интернет провајдерите треба да воведат нова технологија и обука на вработените за да се откријат и прекинат екстремистички содржини од интернет.
Претходно, американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори јавија дека САД и Русија постигнале договор за прекин на огнот во југоисточна Сирија.
На денешното гласање повеќе од 122 држави гласаа за одобрување на спогодбата, додека Холандија гласаше „против“, а Сингапур беше воздржан.
Лидерите на САД, Јапонија и Јужна Кореја ја осудија ракетната проба, која Северна Кореја ја изврши оваа недела и ја означија како „сериозна ескалација“.
Европскиот парламент денеска ја избра Марија Габриел за нов европкомесар за дигитална економија и општество.
Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи денеска пред лидерите на Групата 20 индустриски најравиени економии дека милиони луѓе се надеваат оти Г-20 може да им помогнат во решавањето на светските проблеми, јави ДПА.
Демонстрантите нападнаа полициска станица во квартот Алтона, запалија полициски патролни возила и фрлаа запалливи средства во близина на железничката станица.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер објави дека „со нетрпение ги очекува“ денешните средби со светските лидери, меѓу кои и онаа со неговиот руски колега Владимир Путин.
Вкупно 111 припадници на германските безбедносни сили се повредени во текот на минатата ноќ и претпладнево во Хамбург, во судири со учесниците на протестите против Самитот на Групата 20