САД се тука за да им помогнат на Лондон и на Обединетото кралство. Со вас сме. Бог да ве блогослови, напиша Трамп на Твитер.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека инцидентот во Лондон ќе се третира како потенцијален акт на тероризам.
Според лондонската Брза помош повеќе од 48 повредени се примени во пет болници, а на полесно повредените помош им е пружена на лице место.
Британската полиција соопшти дека во синоќешниот напад на Лондонскиот мост загинале седум луѓе, а тројцата напаѓачи се елиминирани од полицијата.
Владејачката партија во Република Ирска, Фине Гаел вчера го избра Лео Варадкар за лидер, што значи дека земјата ќе го добие својот прв премиер кој е деклариран хомосексуалец и најмлад за таа функција.
Во Летонија денеска почна воена вежба на НАТО во која учествуваат над 2.000 војници од Летонија, Италија, Норвешка, Литванија, Велика Британија, Полска, Словачка и САД.
Утрово нема евакуација на аеродромот. Само е извршена вообичаена процедура за багаж. Сега повторно нормално функционираме, изјави портпаролот на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.
Советот за безбедност на Обединети нации синоќа едногласно усвои резолуција за проширување на санкциите кон Северна Кореја.
Претседателот на Франција Емануел Макрон го утврди повлекувањето на САД од мировниот договор за климата како „грешка за иднината на планетата“, пишува британскиот весник The Telegraph.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земјата ќе биде посветена на Договорот за климата од Париз откако претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече од Договорот.