Според соопштението на ИД, нападот е извршен со експлозивна направа поставена во салата каде што се одржувал концертот.
Делувањето на некои македонски опозиционери, со поддршка добиена надвор од земјата, „создадоа закана за државноста на таа земја“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека полицијата и безбедносните служби веќе го знаат идентитетот на осомничениот напаѓач, кој со бомба усмрти 22 лица по концертот во Манчестер арената.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство до британската премиерка Тереза Меј во врска со трагичните последици од терористичкиот напад во Манчестер.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази солидарност со Велика Британија и ги осуди „злите губитници“, кои стојат зад тој напад.
Венецуелскиот опозициски пратеник Педро Луис Кастиљо денеска соопшти дека демонстрантите во западниот дел на земјата ја запалиле куќата во која како дете живеел Уго Чавез, како и неколку владини згради.
Најмалку 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс.
Несигурноста на валутните пазари исто така ги поттикна луѓето да купуваат биткоин, а од април неговата вредност стреловито расте.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска при посетата на Израел истакна дека сега има „ретка можност“ за воспоставување на мир на Блискиот Исток.
Италијанската Влада усвои уредба со која се воведува задолжителна вакцинација на децата против инфективни болести.