Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во неговата летна резиденција во Сочи, на Црно Море, соопштение е во Берлин.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно, по три години, ќе и се придружи на владејачката Партија на правда и развој.
Телевизиски реклами во вредност од 1,5 милиони евра ќе ги воздигнуваат успесите на американскиот претседател Доналд Трамп постигнати во неговите 100 дена од стапувањето на должност шеф на државата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот твитер профил го осуди насилството во македонското Собрание и упати порака дека треба да се почитуваат демократските процеси.
Русија повикува да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија и да им се овозможи на одговорните политички сили во републиката сами да го определат натамошниот развојот на земјата.
- Посакуваме на пријателската и братска Македонија што поскоро да постигне мир и стабилност, изјави Ердоган во денешниот говор во Истанбул.
– Талат Џафери е избран претседател на парламентот. Овој избор како и резултатите од парламентарните избори мораат да бидат почитувани од политичките противници. Очекуваме владата да го обезбеди јавниот ред и мир во земјата.
Според рускиот парламентарец, со поставување на нивни марионети, спроведување на т.н. тиранска платформа и други елементи од проектот „Голема Албанија, САД, НАТО и ЕУ неодговорно ја отвораат Пандорината кутија.
Турбулентната ситуација создадена вчера во Македонија ќе бидe главнa темa на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кој денеска ќе се одржи на Малта.
Советот на Европа денеска повика на смирување на тензиите во Македонија и на воздржување од насилство.