Италијанските медиуми денес пишуваат дека поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди размислил и планира де остане во клубот. Аргентинецот беше на излезна врата од „Меаца“, но во Италија денес се пишува дека најверојатно ќе остане дел од тимот.
Соиграчите на Пол Погба во Манчестер Јунајтед – Маркус Рушфорд и Хари Мегваер, го бранеа играчот од средниот ред, кој беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на „Твитер“, затоа што промаши од белата точка во синоќешниот натпревар против Вулверхемптон (1-1).
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, утре или задутре ќе замине во Милано за да го финализира неговиот трансфер во Интер, јавуваат медиумите во Италија.
Лука Јовиќ ги негираше шпекулациите дека може да го напушти Реал Мадрид.
Макс Верстапен е среќен што неговиот поранешен конкурент во картинг, Шарл Леклер, го остварил заедничкиот детски сон да се натпреварува во Формула 1, но според Холанѓанецот, уште тројца пилоти ќе учествуваат во борбата во иднина. Во 2019 година бевме сведоци на исклучително привлечниот дуел меѓу двајцата на „Силверстон“, а и во одделни ситуации во други трки од календарот.
Студија објавена од весникот „Сан“ открива кои тренери потрошиле најмногу пари за трансфери во историјата на фудбалот. Едвај има навивач да се изненади дека Жозе Мурињо е на прво место.
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека не го сака системот за видео-повторувања (ВАР), но е уверен дека ќе доведе до повеќе пенали за прекршувања против него во шеснаесетникот.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Брахим Дијаз нема да игра некое време за шпанскиот тим, чиј список на повредени играчи се зголемува.
Германскиот фудбалски вице-шампион Борусија Дортмунд ќе го обнови договорот на една од своите млади sвезди, Џејден Санчо со значително подобрени финансиски параметри, пренесува „Билд“.
Македонскиор ракометен репрезентативец, Филип Талески повеќе не е член на Рајн Некар Левен, откако го раскина договорот со поранешниот шампион на Германија.