Лука Јовиќ ги негираше шпекулациите дека може да го напушти Реал Мадрид. Тој беше привлечен од Ајнтрахт ова лето, но голем број медиуми објавија дека клубот може да го позајми во друг тим, бидејќи Зинедин Зидан не бил задоволен од неговиот настап. Србинот го направи своето деби за „белите“ во првото коло од шампионатот. Тој влезе како резерва кон крајот на мечот со Селта, кој Реал го доби со 3-1.

– Зидан верува во мене и тоа не се сменило за периодот, во кој работевме заедно. Од него учам секој ден и многу сум задоволен од него, бидејќи и како играч и како тренер тој е во врвот на светскиот фудбал. Шпекулациите ме смеат. Јас сум навикнат на вакви нешта уште од кога станав професионален фудбалер. Треба време за да се адаптирам кон новиот клуб, играчи, стил. Претпочитам постојано да придонесувам нешто за тимот, наместо да заблескам на неколку натпревари, вели 21 годишниот напаѓач.

Јовиќ се очекува да биде резерва на Карим Бензема и следната сезона, но тоа не му пречи.

– Бензема е многу интересен напаѓач. Тој има многу повеќе искуство од мене и се обидувам да научам од него. Една од најдобрите работи во фудбалот е кога можете да играте до големи фудбалери како млад и да учите од нив. Сите играчи ме примија добро, расположението во соблекувалната е одлично, заврши Србинот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 22:30