Соиграчите на Пол Погба во Манчестер Јунајтед – Маркус Рушфорд и Хари Мегваер, го бранеа играчот од средниот ред, кој беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на „Твитер“, затоа што промаши од белата точка во синоќешниот натпревар против Вулверхемптон (1-1).
„Доста веќе, ова мора да престане. Манчестер Јунајтед е семејство. Пол Погба е огромен дел од ова семејство. Напаѓајќи го него, не напаѓате сите нас“, напиша Рашфорд на „Твитер“.
„Одвратно е. Социјалните мрежи треба да направат нешто околу тоа. Секоја сметка мора да биде заверена со лична карта или возачка дозвола. Запрете ги овие жални тролови, кои си прават повеќе профили за да малтретираат луѓе“, додаде Магуиер.
Клубот, исто така, излезе со соопштение на својата официјална веб-страница, во која го осудува однесувањето на навивачите.