Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Брахим Дијаз нема да игра некое време за шпанскиот тим, чиј список на повредени играчи се зголемува.

Реал Мадрид објави дека извршените тестови порано денес откриле присуство на повреда на мускул во бутот. Сепак, клубот не го прецизираше точното време за враќање на играчот од средниот ред.

Поранешниот играч на Сити беше повреден и за време на летните подготовки, а моментално во амбулантата на шпанскиот гигант се Еден Азар, Марко Асенсио, Родриго и Ферлан Менди.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 22:16