Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека не го сака системот за видео-повторувања (ВАР), но е уверен дека ќе доведе до повеќе пенали за прекршувања против него во шеснаесетникот.

Египќанецот во изминатите две сезони освои голем број удари од 11-метри за неговиот тим, а понекогаш беше обвинуван дека премногу лесно паѓа во шеснаесетникот.

Според него, видео-повторувањата ќе доведат до уште повеќе пенали.

– Не го сакам ВАР. Ми се допаѓа фудбалот како што е, со грешките на судиите, со агресијата на играчите. Убаво е понекогаш да се заштитат играчите, за мене ова може да биде единствената причина за постоењето на ВАР. Но, инаку го прифаќам фудбалот со грешките на судиите , грешки на играчите, сè. Така, играта е поинтересна. Но, ВАР ќе значи повеќе казни за мене, прокоментира Салах за Си-Ен-Ен. Египќанецот во изминатите две сезони освои голем број удари од 11-метри за неговиот тим, а понекогаш беше обвинуван дека премногу лесно паѓа во шеснаесетникот.

Според него, видео-повторувањата ќе доведат до уште повеќе пенали.

– Не го сакам ВАР. Ми се допаѓа фудбалот како што е, со грешките на судиите, со агресијата на играчите. Убаво е понекогаш да се заштитат играчите, за мене ова може да биде единствената причина за постоењето на ВАР. Но, инаку го прифаќам фудбалот со грешките на судиите , грешки на играчите, сè. Така, играта е поинтересна. Но, ВАР ќе значи повеќе казни за мене, прокоментира Салах за Си-Ен-Ен.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 22:21