Првиот човек на Европската фудбалска асоцијација УЕФА, Словенецот Александер Чеферин, откри дека омилен клуб од просторите на поранешна Југославија, му бил Хајдук од Сплит.
Напаѓачот Крсте Велкоски се повредил на тренинг на нашата фудбалска репрезентација и нема да биде во комбинација на настап на претстојните квалификациски натпревари против Словенија и Полска.
Некои од најдобрите светски фудбалери, како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Диего Коста, Марсело, и нивните клубови, би можеле да имаат голем проблем доколку после излегувањето на Велика Британија од Европската унија, треба да играат со тим од Англија.
Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, на два дена по завршување на сезоната во МЛС лигата, објави дека става крај на играчката кариера.
Мореј во еден твит изрази поддршка за учесниците во антивладините протести во Хонг Конг, иако подоцна го избриша, но предизвика остри критики во втората најголема светска економија, наведе ЦНБС.
Листата на фудбалери кои сезонава истрчале најбрзи спринтови во италијанската Серија А за некои е изненадувачка и ја предводат искусни играчи.
Хрватскиот репрезентативец и член на Барселона, Иван Ракитиќ, по завршувањето на прес-конференцијата по повод мечевите од квалицикациите за ЕП, доби подарок дрес од фудбалскиот клуб Хајдук.
Швајцарецот Роџер Федерер го совлада шпанскиот тенисер Алберт Рамос Вињолас со 6:1, 7:6, и се пласираше во третото коло на Мастерс 1000 турнирот во Шангај.
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, денеска го објави списокот од 23 ракометари кои ги повика за претстојниот собир и настап на пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во Подгорица се подготвува за натпреварот против Црна Гора од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7:1 против Фарски Острови на отворањето на квалификацискиот циклус, Дарко Чурлинов се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот во Подгорица