Барселона може да ги вклучи Филипе Кутињо и Усман Дембеле во договорот за Нејмар, пишува каталонскиот печат.

Нејмар сака да го напушти Париз Сен Жермен и да се врати во Барселона каде што игра до 2017 година пред да биде продаден на парижаните за рекордна сума од 222 милиони евра.

Според каталонски „Спорт“, ПСЖ сака 300 милиони евра за својата ѕвезда, но Барса нема намера да плати таква сума. Каталонците се подготвени да платат 100 милиони плус Филипе Кутињо, кој ќе премине во ПСЖ како дел од договорот за Нејмар.

Во оваа ситуација, парижаните инсистираат на добивање на Кутињо во пакет со Дембеле, кој ќе игра во новата сезона на „Парк де Пренс“ под наем, со опција за купување по крајот на сезоната.

Како што е познато, Кутињо и Дембеле ја чинеа Барса 225 милиони евра без бонуси, откако за „карикоката“ платија 120 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 09:13