Раководството на Интер не се откажува од обидот да го привлече Ромелу Лукаку. Откако оригиналната понуда за изнајмување со опција за откуп не беше прифатена, сега „нероазурите“ испратиле предлог од 63 милиони фунти за услугите на напаѓачот на „црвените ѓаволи“.
Сепак, раководството на англискиот гигант, не покажа интерес за износот понуден од Италијанците. Ед Вудворд и компанија се решени да добијат 90 милиони фунти – сума што е недостижна за Интер во оваа фаза.
Преговорите за Лукаку се очекува да продолжат, но Интер сигурно ќе треба да го зголеми износот што го дава, барем до 75 милиони фунти – парите што само пред една година Манчестер Јунајтед ги внесе во касата на Евертон за Белгиецот.