Бразил ја совлада фудбалската репрезентација на САД со 0:2 на пријателскиот натпревар одигран во Њу Џерси.
Актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал го заврши настапот на Ју-Ес опен, откако поради повреда на десното колено му го предаде полуфиналниот натпревар на аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.
Италија во Лигата А на натпреварот во Болоња ремизираше со 1:1 против Полска, додека Русија во Лига Б на гостувањето во Трабзон ја совлада Турција со 1:2.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро во финалето на Ју-Ес опен.
Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година загуби со 2:1 на гостувањето кај Србија во квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија.
Андре Агаси истакна дека е значајно за квалитетот на тенисот тоа што најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно се натпреварува во врвна форма.
Фудбалерот Лирој Сане си замина од кампот на германската фудбалска репрезентација во Минхен поради приватни причини.
Словенечкиот ракометар Грегор Оцвирк ќе биде дел од екипата на Вардар, а договорот е потпишан на две години со можност за уште една.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој беше избран за најдобар играч во Европа за минатата сезона, истакна дека не е заинтересиран за гласините околу доделувањето на наградите, но дека му значи тоа што Кристијано Роналдо му честитал за признанието.
Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена звезда со забрана за носење навивачки групи на следните две гостувања во Лигата на шампионите заради влегувањето на навивачи на теренот во Салцбург.