Домаќинот на Струшкиот турнир, ракометниот клуб Струга, претрпе пораз од српскиот клуб Железничар на отворањето на 46-то издание на овој меѓународен турнир.
Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне, најверојатно ќе отсуствува два месеци од теренот, откако на тренинг го повреди десното колено.
Голманот Даниел Субашиќ соопшти дека се повлекува од хрватската репрезентација.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во првото квалификациско коло за Ју-Ес опен.
Струга по 46. пат од денеска до недела ќе биде домаќин на Меѓународниот струшки турнир, на кој ќе учествуваат осум екипи од седум земји.
Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, во однос на ВАР технологијата која станува се позастапена во фудбалот, истакнува дека судиите не сакаат да бидат критикувани за нивните грешки, но дека е неопходно да се биде отворен за новите достигнувања.
Литванскиот кошаркар Повилас Гаидис е нов играч во составот на гевгелиската екипа Блокотехна. Станува збор за кошаркар висок 208 сантимери, кој игра на позицијата центар.
Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу, истакна дека Андрес Иниеста ќе се врати во клубот. Шпанецот ја напушти Каталонија по крајот на минатата сезона и кариерата ја продолжи во јапонски Висел Кобе.
Најдобриот играч на Кристал Палас, Вилфред Заха, денес го продолжи договорот со клубот до 2023 година и ги прекина шпекулациите дека ќе оди во Челзи или во Тотенхем.
Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин призна дека го одбил новиот договор со клубот. Уругваецот во новата сезона ќе биде капитен на „јорганџиите“.