Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа не прими гол на денешниот натпревар од 27. коло во првенството на Англија против Ливерпул.

Мечот заврши 0:0, за Шпанецот ова беше 100. Натпревар со „сува“ мрежа во Премиер лигата.

Де Геа е само седмиот голман во историјата на Премиер лигата кој на сто натпревари не бил совладан.

Воедно, Де Геа е вториот чувар на мрежата без примен гол на 100 меча. Првиот беше легендарниот Данец, Петер Шмајхел.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2019 02:00