Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сака тимот да го назначи привремениот тренер Оле Гунар Солскјер за постојано, што е можно поскоро. Тоа го споделил со неговите блиски пријатели, тврди „Мирор“

Откако пристигна на „Олд Трафорд“ Норвежанецот има 11 победи во 13 натпревари со тимот. Фергусон, кој долго време беше тренер на Солскјер токму во Јунајтед, на неколку пати разговарал со својот пулен, откако тој ги презеде „црвените ѓаволи“, откако често ја посетува и тренинг базата на клубот.

Тој бил задоволен од фактот дека поранешниот напаѓач го вратил тимот кон традиционалниот напаѓачки стил на игра, како и дека негови помошници играле во тимот – Мајкл Карик и Марк Демпси.

Солскјер дури сподели на прес-конференцијата пред натпреварот со Ливерпул дека нема ништо против Фергусон да влезе во соблекувалната и да ги мотивира фудбалерите пред почетокот на важниот судир,кој почнува денеска од 15:05 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 12:38