Во Берлин денес ќе биде отворен 26. ракометен Мундијал. Трофејот ќе го брани репрезентацијата на Франција.
Тимот на Генгам, иако важеше за апсолутен аутсајдер на синоќешниот дуел со ПСЖ, сепак на крајот успеа да направи сензација и да го елиминира фаворитот во четвртфиналето од францускиот Лига куп.
Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Матијашевиќ по триумфот над Унгарија и обезбеденото учество на Европското првенство сите заслуги им ги препиша на играчите.
По одигрувањето на последното квалификациско коло, познати се сите 24 репрезентации кои ќе настапат на Европското првенство во одбојка што оваа година ќе се игра во четири земји.
Со натпреварот Германија – Кореја (18:15 часот) денеска во Берлин ќе стартува 26-от ракометен Мундијал. Домаќини се Германија и Данска. Натпреварите ќе се играат во шест градови, Минхен, Берлин, Келн, Хамбург (Германија) и Копенхаген и Хернинг (Данска).
Емоционално го прославија одбојкарите пласманот на ЕП 2019 во СРЦ Кале. Со солзи во очите, насмевка, радост и прегратки, а се фатија и за оро на "Бисер балкански".
Македонската репрезентација во одбојка вечерва напиша историја, откако за прв пат обезбеди учество на Европско првенство.
ПСЖ ќе нема можност да го одбрани трофејот во Лигата Купот на Франција, односно да го освои по петти пат во низа, откако на свој терен беа шокирани од Гингамп со конечни 2-1.
Манчестер сити го совлада нисколигашот Бартон со убедливи 9-0 во првата полуфинална пресметка во Лига Купот на Англија. „Граѓаните“ практично обезбедија пласман во финалето, бидејќи за „пиварите“ е невозможна мисија да се вратат од ваква гол-разлика против англискиот првак.
Одбојкарската репрезентација на Летонија оствари победа над Израел со 3:1 (28:26, 24:26, 25:23, 25:23) во квалификациите за ЕП 2019 и со тоа го отвори патот на Македонија со победа од 3:1 над Унгарија во СРЦ „Кале“ да се пласира за првпат на континентален форум.