ПСЖ ќе нема можност да го одбрани трофејот во Лигата Купот на Франција, односно да го освои по петти пат во низа, откако на свој терен беа шокирани од Гингамп со конечни 2-1. „Светците“ имаа преднос до 81-та минута која ја донесе Нејмар, а Нгбакото и Тирам го остварија сензационалниот пресврт на „Паркот на принцовите“.

Гостите претходно промашија пенал во 61-та минута, а Нејмар ја затресе мрежата веќе во следниот напад на неговата екипа. Голот кој го постигна Тирам се случи во третата минута од судиското надополнување, по што Гингамп се најде во полуфиналето од лигашкиот Куп.

Бордо и Ле Авр играа вторпат за само три дена, а откако второлигашот ги елиминираше „жирондинците“ во Националниот Куп, сега тоа не се случи во четвртфиналето на Лига Купот во Франција. Бордо победи со минимални 1-0.

Монако претходно по пенал рулет обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи, откако со Рен ремизираа при 1-1 во регуларните 90 минути, а се чекаше дури 11-тата рунда на изведување пенали за да се одлучи победникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 02:09