Фудбалерите на ПСЖ го освоија првиот трофеј во новата сезона од францускиот фудбал, откако синоќа во рамките на Супер купот на Франција го совлдаа шампионот Монако со 2:1 во мароканскиот град Тангер.
Ватреполистите на Хрватска се новите светски прваци, откако синоќа во финалето на 17. Светско првенство во спортови на вода во Будимпешта го совладаа домаќинот Унгарија со 8:6, пред 8.000 бучни унграски навивачи.
Алкалиод во сите пет кола оствари убедливи победи и популарните „фармацевти“ освоија 10 бодови, односно 27 поени по табли. Второто место го освоија шахистите на Гамбит Асеко СЕЕ со 8 бода, а трети беа гостиварчани со 6 поени.
Нејмар на тренингот во Мајами се степа со Нелсон Семедо и бесно го напушти теренот, што автоматски беше знак дека трансферот е сè поблиску.
Ливерпул се откажа од тоа да го доведе Наби Кејта, играчот на Лајпциг, пренесе „Скај спорт“.
Фудбалерите на Реал Мадрид и на Барселона ноќеска ќе го играат натпреварот од пријателското Класико во рамките на Интернационалниот куп на шампионите, но на средбата нема да биде првата ѕвезда на мадридскиот клуб, Кристијано Роналдо.
Раџа Најнголан, фудбалерот на Рома, вчера го продолжи договорот со клубот до јуни 2021 година.
Сенегалскиот офанзивен играч Исмајла Сар вчера од Мец отиде во Рен за 17 милиони евра, а трансферот привлече внимание поради тоа што младиот фудбалер претходно ја одби понудата на Барселона.
На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7 август од 11 до 19 часот и на 8 август (денот на одигрување на натпревраот во периодот од 11 до 16 часот.
Македонската младинска ракометна репрезентација го загуби вечерашното четвртфинале на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир.