Дефанзивецот на Атлетико, Диего Годин, закрепна од повредата и е вклучен во составот за натпреварот од шестиот круг од групната фаза на УЕФА Лигата на Шампионите со Бриж.

Истото важи и за Фелипе Луис кој е подготвен да игра со Белгијците.

Во исто време, според официјалната веб-страница на мадридскиот клуб, Лука Ернандез и Стефан Савиќ. Поради повреди нема д абидат во можност да му се стават на располагање на тренерот Диего Симеоне.

Натпреварот Клуб Бриж – Атлетико Мадрид се игра утревечер од 21 часот.

Атлетико веќе обезбеди пласман во осминафиналето од ЛШ, додека Бриж ќе продолжи во ЛЕ без оглед на исходот од утрешниот дуел.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 14:01