Спортскиот директор на Милан, Леонардо изјави дека клубот нема да потпише договор со напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ.

– Ибрахимовиќ не се враќа во Милан. Тој им вети на Галакси дека ќе го продолжи договорот. Размислувавме да го вратиме, но тој ќе го исполни ветеното и останува во МЛС. Галакси ќе ги задоволи неговите услови, па ќе остане, соопшти Леонардо.

Швеѓанецот играше за Милан од 2010 до 2012 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 10:51