Минатата ноќ во Буенос Аирес, имаше судири помеѓу полицијата и фановите на Ривер Плејт.

Група навивачи на победникот на Копа Либертадорес ја нападнале полицијата, славејќиго успехот на својот омилен тим по триумфот над Бока Јуниорс синоќа во Мадрид.

Иако, реваншот од финалната пресметка се играше во Шпанија поради безбедносни причини, тоа не ги спречи навивачите во Аргентина да направат хаос.

Според информациите од тамошните медиуми, меѓу полицајците има тројца повредени, додека не се пријавени повреди меѓу навивачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 12:01