Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо е под закана за отпуштање, објавија италијанските медиуми. Клубот веќе бара опции за негов наследник на „Олипмико“.

Како што информира „Кориере дело Спорт“, менаџментот очекува победа над Џенова на следниот натпревар од шампионатот во Италија со убедлива игра. Ако ова не се случи, тренерот ќе биде отпуштен.

Кандидатите кои би го замениле Ди Франческо се Лоран Блан и Пауло Соуза.

Незадоволството кулминира викендот кога Рома испушти победа над Каљари. Противникот со двајца фудбалери помалку на крајот стигна до 2:2.

Со 21 бод од 15 натпревари, Рома е на 9. место во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2018 12:55