Со максимални три победи на квалификацискиот турнир игран во Скопје, женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман во баражот за Светското првенство 2019.
Американката Микаела Шифрин е победничка на Супервелеслаломот возен вечерва во канадски Лејк Луиз. За неа ова е историска победа во светскиот Скијачки куп, бидејќи стана само седмата натпреварувачка која успеала да триумфира во сите алпски скијачи дисциплини.
Европската фудбалска федерација на својата официјална веб страница го објави создавањето на третото клупско континентално натпреварување.
Македонската кошаркарска репрезентација го победи Косово со 78:68 за трет триумф во низа во рамки на групната фаза од втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по денешната жрепка за квалификациите за Европското првенство 2020 година ги искажа своите видувања за шансите на „црвено-жолтите“.
Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 18.коло по кое актуелниот шампион и лидер на табелата Шкендија ја зголеми предноста пред Вардар на пет бода.
Нов напад од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо биле упатени синоќа кон ѕвездата на тимот, Пол Погба, објавија денеска британските медиуми.
Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби своите противници за квалификациите за ЕП 2020.
Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ продолжуваат со победничката серија.
Нов златен медал за светскиот и европски шампион во пауер-лифтинг Бошко Стаменковски. На Отвореното меѓународно првенство – WR PowerLifting кое се одржа во Бијелина, Каменичанецот го освои првото место во дисциплината бенч-прес за натпреварувачи до 75 килограми.