Новиот турнир на УЕФА - Лигата на нациите вчера стартуваше со неколку интересни натпревари. Најважна за нас е победата на Македонија на гости против Гибралтар со 2:0 во групата 4 од Лигата „Д“, а следниот меч против Ерменија во недела се очекува да биде најважниот за нашиот евентуален пласман во следната фаза.
Поранешната тенисерка број 1 во светот, Серена Вилијамс се пласира во деветтото финале на Ју Ес Опен по успехот со 6:3, 6:0 над Анастасија Севастова.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по вчерашниот триумф во првото голо од Лигата на нациите против Гибралтар со 2:0 изјави дека целта е остварена и дека го постигнале тоа за кое дошле.
Репрезентацијата на Македонија го совлада Гибралтар на гости со 0:2 (0:2) во првиот натпревар од групата 4 на Лигата на нациите.
Албанскиот град Елбасан од вчера е “блиндиран“ од безбедносни причини, поради фудбалскиот натпревар Албанија - Израел, во рамки на Лигата на нациите.
Ирската ММА ѕвезда, Конор Мекгрегор продолжува со подготовките за битката против шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и истовремено со тоа активно го напаѓа идниот противник во социјалните мрежи.
Данската новинска агенција Ритзау инсталираше робот што самостојно ќе пишува прилагодени спортски извештаи по секој локален натпревар, така што еден дел од веста се насочува на домашниот тим, а другиот дел на гостите.
Чуварот на мрежата на Сеара, Еверсон Фелипе постигна прекрасен гол ноќеска во триумфот над Коринтианс со 2:1.
Техничкиот директор на Милан, Бразилецот Леонардо, не верува дека тимот Дуделанж од Луксембург ќе биде лесен противник.
Играчот од средниот ред на Барселона Серхио Бускетс ќе го продолжи договорот со клубот во блиска иднина, објави „Мундо Депортиво“.