Кошаркарките на Сиетл Сторм по трет пат во својата историја ја освои американската ВНБА лигата. Тие во финалето со 3-0 во победи беа поуспешни од Вашингтон Мистикс.
Јужна Кореја ќе ги повика Северна Кореја, Кина и Јапонија да поднесат заедничка апликација за организација на Светското првенство во фудбалот во 2030 година.
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го отвори својот шести хотел под брендот „CR7“. Инвестицијата на Португалецот е во Париз, а се очекува хотелот да готов до 2021 година.
Македонската Кендо репрезентација ќе го има својот дебитантски настап на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Инчеон, Јужна Кореја од 14.09 - 16.09.2018 година.
Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин ги негираше информациите дека финалето на Лигата на шампионите во иднина може да се одржи во Њујорк.
Претседателот на ПСЖ Насер ал Келаифи изјави дека сезонава очекува Јувентус да биде главен конкурент на неговиот клуб за освојување на титулата во Лигата на шампионите.
Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери ја одби понудата на Спартак од Москва, а како причина за оваа одлука се наведува неговата желба повеќе време да минува со семејството.
Фудбалската федерација на Шпанија планира да поднесе кандидатура за Европското првенство во 2028 година.
Фудбалерите на Шкендија со победа од 0:2 против Кожув во Гевгелија, успешно ја почнаа одбраната на пехарот во Купот на Македонија.
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека е горд што игра во период на „големата четворка“ и дека не го фрустрира тоа што Рафаел Надал, Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј досега му препуштија само една гренд слем титула.