Душан Чубраковиќ е новиот чувар на мрежата на македонскиот прволигаш Академија Пандев.
Нов генерален спонзор на ФК Работнички е најголемата софтверска компанија, „Сеавус“.
Досегашниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Кепа Аризабалага се пресели во Челзи поставувајќи го најскапиот голмански трансфер во историјата на фудбалот.
Францускиот кошаркар Тони Паркер се збогуваше со навивачите на Сан Антонио, клуб за кој настапуваше изминатите 17 години.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека српскиот напаѓач Сергеј Милинковиќ-Савиќ вреди повеќе од ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
На денешен ден пред една година, Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА го организираа Супер купот меѓу великаните на светскиот фудбал, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Поранешниот светски шампион на 400 метри со пречки, кениецот Николас Бет почина на 28-годишна возраст во сообраќајна несреќа.
Шпанскиот прволигаш Севиља покажува голем интерес за ангажман на фудбалерот на Милан, Андре Силва. Севиља во 22-годишниот Португалец гледа решение за местото напаѓач.
Кармело Ентони следната сезона ќе настапува за Хјустон Рокетс, пренесуваат американските медиуми. Официјализирањето на договорот и објавување на деталите се очекуваат да бидат објавени во наредните денови.
Без помошта на голманот Тибо Куртоа, премиерлигашот Челзи синоќа на свој терен го победи Олимпик Лион со 5:4 на пенали.