Тренерот на Еспањол, Кике Санчез Флорес, доби отказ поради лошите резултати на клубот.

Санчез Флорес во клубот од Барселона дојде во 2016 година од Вотфорд. Првата сезона под негово раководство Еспањол ја заврши на осмото место на табелата.

Но сезонава по добриот старт, кога во јануари го совладаа Реал Мадрид, а и земааа бод на Барселона, тимот на Санчез Флорес има надолна линија со низа од пет натпревари без постигнат гол и се наоѓа на 16 место во Примера.

Еспањол не се наоѓа во опасност да испадне, но постигнувањата се далеку под очекувањата на раководството на клубот.

Тимот во следниот период ќе го предводи помошниот тренер Давид Гаљего.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2018 13:40